ERA CITY
Групацијата Ера продолжува со реализација на проектот Ера Сити во Скопје. Според предвидувањата, во септември 2007 година ќе започне со изградба на модерна деловна зграда и на најсовремена комунална и сообраќајна инфрастуруктура вклучително со 5.000 места за паркирање. Оценетата висина на сите инвестициски вложувања во наредните пет години во поректот Ера Сити т.е. во изградбата на најголемиот и најсовремениот регионален деловно-трговски центар во македонија изнесува околу 150 милиони евра кои Групацијата Ера ќе ги реализира во партнерства.
Деловната зграда во Ера Сити ќе има бруто површина од 33.600 м2 на десет ката и со три подземни гаражи. Нејзиниот архитектонски облик ќе биде модерен, со висок во околината препознатлив стандард. Зградата ќе биде наменета пред се за странските претпријатија и организации кои влегуваат на македонскиот пазарм односно во регионот, но, и средните и малите претпријатија, претставништва и установи кои сакаат да се афирмираат, односно интернационализираат на пазарите на Југоисточна Европа. Паралелно веќе течат разговорите со потенцијалните партнери кои гледаат идеална деловна прилика за дејствување во овој регион.
Групацијата Ера е мнозински сопственик на друштвото Скопски саем кое поседува и 155.000 м2 земјиште наменето за изградба на најголемиот и најсовремениот регионален деловно-трговски центар Ера Сити Скопје. Проценетата висина на сите инвестициски вложувања во проектот Ера Сити Скопје во наредните години изнесува околу 150 милиони евра кои Групацијата Ера ќе ги оставри во партнерства. Целокупната инвестиција ќе создаде околу 800 нови работни места. Урбанистичкиот план овозможува изградба на бројни планирани згради за различни дејности и намени уште на 110.000 м2 земјиште. Истовремено, Групацијата Ера ги обновува постоечките капацитети во кои согласно новиот концепт вклучува и нови содржински програми. Основата на целокупниот проект е единствен урбанистички план и единствена гражна парцела што овозможува најголема флексибилност и прилагодување на барањата на поедини корисници и инвеститори.
Групацијата Ера во Македонија и натаму го развива МБЦ (Multi Business Center) кој веќе е центар на деловните случувања во Скопје, во правец на дополнителни услуги и поголема додадена вредност за делоните партнери. Имено, МБЦ во Македонија е еден од регионалните претприемнички центри кои работат во рамките на Групацијата Ера. Тој дава поддршка при интернационализација на претпријатија од странство и обезбедува и развива врвни услуги во областа на современата технологија со цел поддршка на претприемничките активности и на надворечните клиенти.
Дејностите на МБЦ се темелат врз поединечни сегменти и тематики на проектната работа кои се или ќе бидат во иднина пред се застапени во следните целни содржински области: информатичка технологија, телекомуникации, туризам, деловни услуги, биотехнологија, нано технологија, човечки ресурси, медицина, венчрс-ризичен капитал, европски средства, алтернативни извори на енергија и здрав начин на живеење. МБЦ ги открива потенцијалните продорни претпријатија на почетокот на нивниот пат и им помага при нивните први чекори. Високиот квалитет на своите услуги го постигнува и со активно вклучување на стручни лица и на практичарите во рамките на поединечните проекти.
Така, Групацијата Ера преку МБЦ за ефикасна реализација на претприемничките приказни воспоставува поддржувачка претприемничка структура во мрежата на вклучени партнерски претпријатија како во Словенија, така и во Македонија и на други пазари на Балканот. Покрај обезбедувањето на услугите од областа на информатичките и телекомуникациските технологии нуди и претприемничко советување и други специјалистички услуги кои што ги развива во партнерство. Групацијата Ера го засилува своето дејствување на македонскиот пазар и создава услови за натамошно остварување на зададените деловни цели.
|